#glog4everw

by nbpaneva
Last updated 7 years ago

Discipline:
Social Studies
Subject:
Fun Facts About The 50 States
Grade:
12

Toggle fullscreen Print glog
#glog4everw

На детските игри и претходел некој историски настан или произлегувале од некоја приказна која ја раскажувал народот.Децата денес играат “ мижитатара “ поради шега и забава.Меѓутоа таа игра потекнува од дамнешни времиња и за играчите има поинаква смисла.Всушност неа ја играле возрасните.Во некои краишта на Европа постоел обичај во пролетта да се излегува во шумата и полето и таму да се бараат птици и цвеќиња што се јавуваат во првите пролетни денови.Птиците и цвеќињата ги донесувале во селото за сите да видат дека пролетта дошла.Потрагата по овие знаци на пролетта скриени во шумите, претставувале почеток на играта “мижитатара”.И денес во некои земји,оној што се крие чрчори како птица.На сите игри им пртходел некој историски настан или произлегле од некоја приказна од народот.

1.Дали децата во старите времиња имале играчки?2. Кој прв пуштил змеј?3.Како се прават џамлии? 4.Кој го измислил велосипедот?5.Кој ја направил првата кукла?

Како се прават џамлии?Децата од сите краеви од памтивек играат со џамлии.Џамлиите обично се прават од глина,камен,стакло,мермер,пластика и др.

КОЈ ЈА НАПРАВИЛ ПРВАТА КУКЛА?Уште во праисториското време каде што имало деца, имало и кукли.Децата на Индијанците употребувале парче од дрво со глужд што претставувал глава на куклата.Персиските деца си играле со кукли со пресвиткана ткаенина на чиј горен крај е насликано лице,мексиканските со кукли изработени од глина и малата Ескимка со кукла изработена од слонова коска.Современите кукли се прават од восок,чоја,посебни видови пресувана хартија,пластика и од други материјали.

ДАЛИ ДЕЦАТА ВО СТАРИТЕ ВРЕМИЊА ИМАЛЕ ИГРАЧКИ?Што е играчка?Дали тоа било два дрвени стапа,некој камен,или парче ткаенина? И овие предмети понекогаш можат да послужат како играчки,но под играчка подразбираме нешто друго.Играчката е нешто со што децата си играат, а кое потсетува на она што го прават возрасните. Такви играчки се пушка,автомобил или камион,кукла,кукичка,топка,змејови и др. Бидејки децата одсекогаш сакале да ги подржуваат возрасните,можеме да претпоставиме дека играчките постојат откако постои човекот.

КОЈ ПРВ ПУШТИЛ ЗМЕЈ?Историјата на змејовите е мошне долга и точно не се знае кој ја измислил.Некои мислат дека тоа е гркот Архита во IV век пред нашата ера,а според други дека во источните земји змејовите се пуштани многу порано.Во Кина змејовите имале голема улога за празниците. На деветиот ден од деветиот месец небото било исполнето со змејови од разни форми и големина и заедно со децата узивале и возрасните. Во змејовите ставале и термометри за да ја измерат температурата и за воени задачи.Змеј долг 10 метри може да дигне човек на 30 мерти височина.

Enter Your Instructions

КОЈ ГО ИЗМИСЛИЛ ВЕЛОСИПЕДОТ?1817 година германецот Фон Дрес направил машина која ја нарекол Дресина на две тркала слична на велосипедот и се отфрлал од земјата час со едната час со другата нога.Бидејки оваа машина била многу скапа ја нарекле” нагиздан коњ”.Според дресина се направиле многу други велосипеди на кои и се извршени подобрувања и е направен денешниот велосипед

Get Inspired

"Како настанале детските игри?


Tags

Comments